(ВИДЕО) Почна седницата на Советот за безбедност

Од:

Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, како што соопшти кабинетот на шефот на државата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Пендаровски, присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за здравство, Венко Филипче министерката за финансии, Нина Ангеловска и министерот за економија, Крешник Бектеши.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Facebook страницата на претседателот и на YouTube каналот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Мора да се казнуваат тие кои не ги почитуваат мерките без разлика на верската и етничката припадност

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 14 дена

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Советот за безбедност одлучува за вонредната состојба

Ана Ололовска

Советот за безбедност денеска ќе одлучува за вонредната состојба

Ана Ололовска

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројките за смртност од коронавирусот

А1он