ВИДЕО: Почна гасификацијата на Центар

Од:

Се исполнува едно од основните предизборни ветувања на Андреј Жерновски и советниците од СДСМ и коалицијата. Училиштето „Димитар Миладинов“ ќе го замени парното греење со природен гас до почетокот на октомври.

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, изјави дека проектот со гасификација на училиштето е дел од изборното ветување кое го ветил и само за месец и половина се реализира она што претходната власт не успеа да го направи.

„Од денеска започнува сериозен зафат со гасификација во општина Центар. „Димитар Миладинов“ досега плаќаше 80 илјади евра за парно греење, но со замената на природен гас, оваа сума ќе се намали на 30 илјади евра. Значи само за едно училиште општина Центар ќе заштеди цели 50.000 евра. Наша цел е да гасификацијата да се прошири, со што ќе има повеќе потрошувачи на природен гас. На оваа станица ќе може да се приклучат и околните станбени згради – изјави Жерновски.

Следни за гасификација, бидејќи како што рече Жерновски, приоритет се градинките и училиштата, се ОУ „Гоце Делчев“ и „Кочо Рацин“ и градинката „13 Ноември“.

Општина Центар е инвеститор на гасификацијата на ОУ „Димитар МИладинов“ и во оваа фаза се почнува со приклучување на системот за пренос на природен гас, односно со поставување на мерно регулациона станица и врзување со главниот вод.

И Директорката на училиштето Маја Ангеловска изрази задоволство дека „Димитар Миладинов“ како најголемо училиште во општина Центар ќе добие гасификација.

– Ние заедно со вработените се радуваме на ваквиот проект, бидејќи со тоа ќе добиеме подобри услови во училиштето за работа и квалитет, а и учениците ќе учат во топли простории – изјави Ангеловска.

Замената на парното греење со природен гас се очекува да заврши во рок од 3 месеци, рече директорот на јавното претпријатие „ГАМА“ Радко Манов. Тој изјави дека нивна тенденција е да се прошири гасификацијата, со што ќе можат да се приклучат и други претрпијатиа, болници и јавни установи.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Ковачевски: Гасификацијата станува реалност, завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска