ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Од:

Двајца браќа од Битола добија кривична пријава поради закани упатени кон полицијата, откако пред неколку дена јавно се закануваа со насилство и немири доколку бидат легитимирани или ако им биде одземено возило поради прекршување на законските прописи.

За поднесената пријава информираше претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Мартин Еферов, преку објава на социјалните мрежи.

„Поднесена е кривична пријава против двете лица од Битола кои се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да го спроведат законот. Очекуваме Обвинителството од Битола веднаш да постапи на истиот начин како што постапува против нас и уште утре да побара притвор за овие лица. Доколку ова не се случи во најкус можен рок, нека бидат сигурни дека нивното непостапување нема да остане незабележано…“, напиша Еферов.

Еден од пријавените, Рафет Мемишовски, објави видео-изјава во која се извини за заканите изречени на протестот во Битола. Тој изјави дека реагирал во афект откако на негов роднина му било одземено возило и порача дека вакви закани повеќе нема да се повторат.

Згрешив многу и ова нема да се повтори. Дојде син ми и ми кажа: „Татко ми ја зедоа колата“. – Уште еден учесник на протестите во Битола се извинува за јавните закани искажани на протестот на 3 февруари.

Би можело да ве интересира

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Илјадници жители на Гренланд маршираа против Доналд Трамп: Направи ја Америка да си оди

Предраг Петровиќ

Хуманитарен работник e убиен во Иран, петмина се ранети

(ВИДЕО) Иранки палат цигари јавно од запалени фотографии од ајатолахот Али Хамнеи

Горан Наумовски