ВИДЕО: По празните улици за дочекот на 2021, раздвижено на кејот во Охрид

Од:

На првиот ден од новата година, раздвижено е на охридскиот кеј. Убавото време по дочеток во домашна атмосфера пред се го искористуваат локалните жители, но и посетители од други градови. Според таблиците на возилата паркирани покрај кејот, во Охрид има скопјани, ресенчани, прилепчани, кочанчани. Поради големиот број возила, ретко се наоѓа паркинг место на првата линија до езерото.

Иако вчера сите угостителски објекти беа затворени за време на дочекот, денеска во најголемиот дел од нив не може да се најде слободно место. Со почитување на мерките за заштита од коронавирус, речиси сите маси се исполнети. Никаде, нема повеќе од четири лица на една маса, како што налага со одлуките на Владата.

За време на дочекот на Новата година, немаше никаква раздвиженост во Охрид. Како никогаш досега, чаршијата и плоштадот беа целосно празни. Без организирани прослави и огномети планирани од Општината Охрид, се дочека 2021 година. Дека се прославува завршувањето на 2020 година, навестуваше само пукањето на пиротехничките средства, точно на полноќ.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум