(ВИДЕО) Плоштад Слобода: Овие паркови не смеат да се уништат

Од:

Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“ потсети дека вчера граѓаните на општина Центар одлучиле што сакаат да се случи со проектот „Скопје 2014“. Тој изјави дека граѓаните на Центар гласале за на првата седница на Советот на општината парковите да останат и истите како градежни парцели да излезат од ДУП-от.

Наумовски потсети дека Никола Груевски изминативе години секоја одлука ја правда со наводната волја на граѓаните, а како што рече „Само 10 саати од нивната искажана волја одлучи да постави тараби и да гради на места каде што граѓаните му кажале дека не сакаат да гради“.

„Овие паркови се белите дробови кои на овие луѓе им беа пресечени пред неколку месеци. Овие луѓе кажале дека сакаат да живеат покрај парк, а не покрај катна гаража во барокен стил“, рече Наумовски


Наумовски порача да се почитува волјата на граѓаните и парковите да не се уништуваат.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Здружението „Плоштад Слобода“ бара повлекување и доработка на планот за „Мал ринг“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Наумоски не може да се тргне од позицијата основач на „Плоштад слобода“

Наум Локоски

Шилегов на здружението на својот шеф на кабинет му додели 180 илјади денари

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Станови од посебен интерес, висококатници и нови барокни „чудовишта“ му се закануваат на Дебар маало

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Распеани Скопјани: Архитекти градете со љубов!!!

Ана Ололовска

Плоштад Слобода: Чкртањето ленти во боја по улиците не се велосипедски патеки

Ана Ололовска