(ВИДЕО) Плоштад Слобода: Да се спречи уништувањето на нови три зелени површини во Центар

Од:

„Плоштад Слобода“ повторно достави барање до општина Центар да спречи уништување на нови три зелени површини во „Мал Ринг“.

Тие бараат општината да покрене измена на Детално урбанистичкиот план со што наместо деловно комерцијални објекти, би останале последните површини со зеленило од левата страна на Вардар.

Едната локација е зеленилото зад Даут Пашиониот Амам, а уште две зелени површи се до МОБ. Од Плоштад Слобода бараат општина Центар да интервенира и спроти намерата да се градат шпански скали на плоштадот со што нема да остане ниту парче слободен простор.

– Шпанските скали ќе го нагрдат плоштадот уште повеќе. Општина Центар итно да влезе во процедура за измена на ДУП и да се спречи изградба на овие деловно комерцијални објекти.Овок простор треба да им се врати на граѓаните, јавниот простор треба да остане јавен, изјави Никола Наумоски од Плоштад Слобода.

Од таму потсетуваат дека единствениот празен простор на плоштад Македонија одамна е мета на власта, намените беа често менувани (Црква, Народна банка, трговски центар) а своевремено и МПЦ ја откупи парцелата за само 44.225 евра.

Наумоски кажа и дека општина Центар треба да се внесе и за намерата Градскиот трговски центар да се префасадира во барок стил.

– Побаравме да се свика совет на граѓани од станарите кои живеат во зградите над ГТЦ и да се изјаснат за таквиот изглед, со кич и тапети.

Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски прифаќаат секоја иницијатива која доаѓа од граѓаните.

Иницијативата на Плоштад Слобода ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Советот на општината.

Градоначалникот Жерновски, потсетува на една од најважните негови заложби дека ќе направи се за да се спреќи уништувањето на зеленилото.

Би можело да ве интересира

Здружението „Плоштад Слобода“ бара повлекување и доработка на планот за „Мал ринг“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: Наумоски не може да се тргне од позицијата основач на „Плоштад слобода“

Наум Локоски

Шилегов на здружението на својот шеф на кабинет му додели 180 илјади денари

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Станови од посебен интерес, висококатници и нови барокни „чудовишта“ му се закануваат на Дебар маало

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Распеани Скопјани: Архитекти градете со љубов!!!

Ана Ололовска

Плоштад Слобода: Чкртањето ленти во боја по улиците не се велосипедски патеки

Ана Ололовска