(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика

Од:

Пред 4 години владата на Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес неговиот потрчко Филипче е против наводни мигранти во Македонија. Ве повикувам да го проследиме видеото во кое целата македонска јавност ќе се увери како Заев сакаше да гради мигрантски кампови, а потоа и самиот се нудел да ги вдоми мигрантите, Филипче за ова не се противел. Ова е вистината за темата мигранти во Македонија. Од видеото, јасно е кој сакал да доведе мигранти, а кој бил против истото. Хистеријата, паниката и лажните вести кои ги создава СДС, се рушат како кула од карти. За среќа на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега и секогаш ќе води антиемигрантска политика, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Еве веќе 2 дена молк од Филипче и СДС за непостоечката тема мигранти. Откако ги посочивме нивните вистински намери за доведување на мигранти во Македонија, тие бегаат и од новинари и се кријат во Бихачка. Наместо да играат криенка, да одговорат колку мигранти биле спремни да примат во Македонија? Дали толку многу се гласни на оваа непостоечка тема, само затоа што во 2018 година биле спремни да доведат илјадници мигранти во Скопје? Филипче и СДС мора да ја научат лекцијата која народот им ја одржа на последните три изборни циклуси. Реформи во СДС се повеќе од потребни, кажа Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Петрушевски: Молкот на СДС отвора сомнежи, хистеријата и стравот од одговорност ги направи заложници на криминалот

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС го штити Груби од криминалот, дури повеќе од што ги штитат Заев и Филипче