(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

Од:

Пукна балонот на лаги и манипулации на СДС во врска со истрагата за несреќата во Кочани. Сите може да видат дека институциите постапуваат професионално и неселективно. Лаги и манипулации се сите тврдења дека институциите постапуваат по притисок на опозицијата, невешти ПР обиди на СДС да ќари некој политички поен. Потенцираме дека МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец. Сите преземени акции од ЈО до сега, сега и од сега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедиле МВР, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– МВР предаде обемна документација во ЈО, и никој не е поштеден. Задача на ЈО е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека според правната логика е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани.

Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата. Нашиот правен систем е акузаторен, систем во кој МВР и другите органи се база за информации за ЈО, а ЈО е тоа кое мора да ја изгради теоријата на случајот. Потенцираме дека МВР на ЈО му доставило преобемна документација и дека со оглед на тоа очекуваме дејствија по однос на истата да има и во иднина.

Постапување по доказите од МВР откако истите се предадени, и преземање на било какви дејствија е обврска единствено на ЈО. Колку е сериозен обемот на документацијата покажува и фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од Министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина. А сега да прашаме, колку лица беа опфатени во истрагата за Модуларната болница? 0. Колку беа во Беса транс и Ласкарци? Нула. Е сега тоа е разликата од МВР сега и од МВР кога СДС беше на власт. Одговорност има за секој, без разлика кој е и од каде е – кажа Петрушевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт