(ВИДЕО) Петрушевски: На управителот на бугарски фирми Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија

Од:

На управителот на бугарски фирми, во слободно време претседател на СДС, Венко Филипче во прв план му е бизнисот во Бугарија. Управителот на бугарски фирми во слободно време претседател на СДС Филипче и ден денес, 1 година откако е лидер на опозицијата сè уште е управител на бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче оваа фирма во Бугарија ја основал на 18.11.2022 година, со седиште во Петрич на улица Гоце Делчев бр.12, адреса која ја дели со многу фирми на Заеви. Пауер Ај 8 е фирма регистрирана за изградба на згради, продавање на станови, нивно издавање, потоа за трговија, но и за хотелска дејност. Венко Филипче, управителот на бугарска фирма во слободно време претседател на СДС да каже што точно работи со фирмата и кои се неговите интереси во Македонија и Бугарија, но и во други држави од соседството и Персискиот залив. Мораме да потенцираме дека статусот на фирмата е активен, а тоа лесно може да се види по електронските регистри кои дозволуваат слободен пристап до информации за фирми. Венко Филипче нема простор да бега од одговори, туку веднаш да каже. Дали е претседател на СДС за лесно да му врват работите во бизнисот со Бугарија, или е во бизнисот во Бугарија за полесно да му оди управувањето со СДС, тврди Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции