(ВИДЕО) Петровски до Ван Хојте: Белгија уби 10 милиони луѓе во Конго, да не ве видиме повеќе во Македонија

Од:

Да не ве видиме повеќе во Македонија и не го закачајте македонскиот народ, зошто трпението ни е при крај“. Ова на поранешниот олеснувач во пржинските преговори Питер Ван Хојте, со видео порака му го порача Филип Петровски, член на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Државниот архив.

-Добив закана од извесната персона Ван Хојте, мачкарот, кој ни солеше памет од пржинските преговори и ни го забибери за 900 евра на ден пари што беа плаќани од македонските граѓани.

Потоа ја загуби улогата, но истиот човек не е тука веќе, но се обидува да ги инсталира со изборен фалсификат на власт СДСМ, да се врати и да биде консултант за тие пари и други услуги. Ако ве интересира кои услуги, прочитајте за активистки на СДСМ.

Ванхојте мачкарот, оваа држава е држава на македонскиот народ. Тој да ми се заканува со затвор од Белгија е смешно и нешто на кое нема да останам нем.

Ванхојте да ги суредите работите во вашата држава која е легло на ИСИС, а која пред 100 години со вашиот крал организираше масовни убиства во Африка.

Како вие како потомок на човек кој убил 10 милиони луѓе во Конго доаѓате да ни зборувате за демократија, од каде произлегуваат вашите искуства? Како изборите во 2014 и 2016 имаат идентичен резултат за ВМРО-ДПМНЕ а зборувате за фантоми?

Вие направивте изборен фалсификат, вие сте дел од еден план кој сака да ја уништи Република Македонија. Јас ви советувам да си седите дома и да ја оставите Македонија.
Да не ве видиме уште еднаш во Македонија, вели Филип Петровски во видео обраќањето до Ванхојте.

Реакција на Филип Петровски, директорот на државниот Архив на Република Македонија и член на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа откако вчера поранешниот олеснувач во преговорите во Пржинскиот процес, напиша дека за неговиот говор во нормални демократски земји може да се лежи во затвор и тоа на долго време.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било