(ВИДЕО) Петровска: Немаме намера нашите животи да ги поминуваме на коленици

Од:

„Добровечер моја Битола, добровечер мои битолчани, oвде сме затоа што немаме намера нашите животи да ги поминуваме на коленици, овде сме затоа што животите ќе ги изжибееме простум. Овде сме затоа што подобро е да се умре на нозе отколку да се живее на коленици. Изминативе години, изминативе денови сведоци бевме на лаги, лаги како почжави на дождови. Нема повеќе, нема повеќе да ни ја газат мислата. Се обидуваа, се обидуваа да го прават сето тоа низ своите пропаганди, низ купени медиуми дури и низ државни институции. Овде сме за да им дадеме отпор, отпор дека судбината ќе си ја превземеме во наши раце, затоа што се работи за нашите4 деца, затоа што се работи за нашата Македонија и нема повеќе да има дозволиме да се прават стопани на нашите животи, на нашата Битола на нашата Македонија. Циркус, циркус направија од нашата Битола, циркус направија од нашата Македонија, а од нас, од нас очекуваат да се однесуваме како дресирани. Е нема, нема повеќе“ рече Наташа Петровска, член на ИО СДСМ.

Сведоци сме, рече, сведоци сме на инстант образование, сведоци сме како на училишните одмори подголтнуваат детските грла немајки кифла да си купат.. Сведоци сме дека наши фамилии одат во супемаркетите да ги купат основните намирници за да го преживеат денот. Затоа велиме доста е, доста враќање назад повеќе нема. Не прашуваат сите нас, ме прашуваат и мене, што за вас значи крајот? крајот за нас значи почетокот, почетокот на нормални услови за живеење, на нормална демократска Македонија, на онаа што си ја имавме, на онаа што во црниот понеделникк ни ја убија. Затоа нема да молчиме.

Да живее мојата Битола, да живее Република Македонија!

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски