(ВИДЕО) Петровска: Мојата цел е зајакнување на соработката со почесните конзуларни претставништва во Битола

Од:

Кандидатката за градоначалник на Битола од СДСМ и коалицијата, Наташа Петровска, денеска во изјава за медиумите изјави дека во 4-годишниот мандат ќе ги вложи сите напори за да го врати сјајот во конзулска Битола и дека очекува соработка со централната власт и со МНР.

– Денешното присуство на министерот за надворешни работи, почитуваниот Никола Димитров како и неговиот државен секретар, наш драг битолчанец и искусен дипломат господинот Виктор Димовски всушност го потврдуваат ова. Мојата цел ќе биде да се зајакне соработката со почесните конзуларни претставништва во Битола, да се зголеми нивниот број и секако да се зголеми бројот на збратимени градови на Битола со други градови од целиот свет.

Таа додаде дека дека посакува соработката да биде не само на културен план, туку и на економски.

– Знаеме дека демографската слика во Општина Битола долги години наназад покажува пад, стареење на населението, младите ни заминува и ние мора да отвориме перспектива за нив, ние мора да отвориме перспектива за млади и средни бизниси, ние мора да ја отвориме нашата економија кон светот и светот да дојде тука кај нас во нашиот град. Само така ќе можеме да ја задржиме Битола во еден сјај каков што го имала во далечното минато и да се гордееме со нашиот град онака како што сме се гордееле, рече Петровска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага