ВИДЕО: Петровска ќе ја води Одбрана, Тупанчевски – Правда, познат новиот состав на Владата

Од:

Новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски, го соопшти составот на новата Влада, меѓу кои има стари, но и нови имиња.

„Станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација во своите ресори“, рече Ковачевски.

„За министри од редовите на СДСМ во новата влада кои ќе ги доставам до Собранието се:

Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки.

Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер

Вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, магистрант по меѓународно и европско право.

Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.

Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој и досега ја извршуваше оваа функција, магистрант по уставно право.

Министер за правда, Никола Тупанчевски, познат професор на Правниот факултет.

Министер за земјоделство, Љупчо Николовски, поранешен и јас би додал успешен министер во овој ресор.

Министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, магистар по социолошки науки, членка на повеќе меѓународни тела, директорка на Државниот инспекторат за труд.

За министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ, Доктор на науки, професорка на Педагошки факултет.

Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, актуелен министер, поранешен градоначалник, дипломиран архитект“, соопшти Ковачевски.

Тој вели дека од сите нив очекува максимално посветена работа во интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он