(ВИДЕО) Петровска: Ќе ги решиме сообраќајните проблеми во градот за сите

Од:

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата Наташа Петровска на средбите со битолчани во централното градско подрачје најави решавање на сообраќајните проблеми во тој дел на градот.

– Еден од најгорливите проблеми во општината Битола е загадувањето на воздухот, а загадувањето на воздухот е последица и на нерегулираниот градски и севкупен сообраќаен режим во општината. Како идна локална самоуправа предводена од СДСМ ќе преземеме низа мерки и активности односно целосна имплементација на еднонасочниот сообраќаен режим во централното градско подрачје согласно потребите на граѓаните на општина Битола, осовременување на јавниот патнички превоз со набавка на еколошки возила, воведување на нови сообраќајни линии од одредени делови на општината кои ги бараат граѓаните од населените места „Баир“, „Боримечка“, „Стрелиште“, брусничко-лавчанска населба и други населби, истакна кандидатот за градоначалник на Битола Наташа Петровска.

На средбата со битолчани, Петровска најави дека СДСМ и Коалицијата посебно внимание ќе посветат на младите и нивната едукација за еко активности за што во градскиот парк во Битола ќе биде отворено посебно еко-катче.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски