(ВИДЕО) Петровска и ЗХГ го повлекоа спорното видео: Имаше лошо разбирање на пораката на Бачовска

Од:

Зелен хуман град го повлекоа промотивното видео за изборите кое беше објавено од кандидатката за градоначалник за Скопје, Ана Петровска, а во кое професорката Јасна Бачовска Недиќ, кандидатката за советничка од оваа листа, предизвика реакции поради нејзиониот речник со кој ги нарече корисниците на психоактивни супстанци.

„И ова мини центарче на Пржино, кое што е руинирано од искршени продавнички кои што се дувло на социо-патолошки појави, како што се наркоманија, алкохолизам, разни други криминогени групи дејствуваат во текот на ноќта во населбата“, гласеше пораката во видеото на професорката Јасна Бачовска Недиќ, која ја опишуваше населбата Пржино со руинираните и напуштени објекти.

Ана Петровска ден по видеото вели дека тоа е тргнато со намера зашто „имало лошо разбирање на пораката“.

-Тука имаше лошо разбирање на пораките на Јасна Бачовска, меѓутоа ние секако како Зелен хуман град се залагаме за социјална заштита на лицата кои користат психоактивни супстанци и секако ние нив не ги сметаме како дел од девијантните појави, сметаме дека на овие луѓе им треба помош и во смислам на превенција и во смисла на нивна интеграција и ресоцијализација.

Откако беше објавено видеото, најмногу укажувања имаше дека „зависноста е болест“ а не криминална патологија.

Би можело да ве интересира

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска

Избори за градоначалник на Дебар: Дука од ДУИ – 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153

А1он

Хекуран Дука го победи Беким Поцеста во Дебар за 138 гласа

Катерина Ѓуровски

Дука прогласи победа во Дебар

Ана Ололовска

Во Дебар затворени гласачките места

Ана Ололовска

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

Ана Ололовска