(ВИДЕО) Петровска: Битола треба да го искористи својот туристички потенцијал

Од:

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ и коалициајата, Наташа Петровска денеска во изјава за медиуми рече дека Битола има потенцијал за развој на туризмот поради својата местоположба, поради низата природни богатства кои што ги има и поради исто така културните зданија кои што се од големо значење.

– За жал во сиот изминат период сведоци сме дека многу малку беа искористени од овие потенцијали. Идната локална самоуправа ќе посвети посебно внимание на развојот на туризмот во Битола, особено со решавање на инфраструктурни прашања кои што се однесуваат за нашите населби под Пелистер. Со афирмирање на низа спортски активности и содржини, кои што во изминатиот период беа запоставени, меѓутоа исто така особено значајно е со зголемена соработка со туристичките работници како тоа во една поорганизирана форма би отворило порти за поголем бенефит, рече Петровска.

Таа додаде дека ова значи поголеми поволности во користење на туристичките услови како битолчани, меѓутоа дефинитивно би отворило перспектива за економски развој каде што всушност туризмот би го дал својот придонес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта