(ВИДЕО) Петров: Нека не ги лаже умот дека СДСМ омекнува

Од:

Колоната возила која се движеше низ улиците на Скопје застана пред владата на Република Македонија и граѓаните предводени од опозицијата со свиркање го изразија револтотр против, како што велат, најголемите виновници за диктатурата во земјата.

Масовното излегување на народот, рече генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, значи поддршка на отпорот и дека граѓаните единствениот излез од политичката криза го гледаат во фер и демократски избори. Ова е  неопходно, рече Петров, за да се врати легитимитетот на институциите кои што на 24-ти декември беше погазен.

„Нека не се лаже никој, дека СДСМ омекнале. Подготвени сме за разговор, но без договор за предвремени парламентарни избори СДСМ не се враќа во Парламентот и нема да оди на локални избори. Доколку се одлучат на избори без опозицијата, целата одговорност ќе оди на контото на Никола Груевски.

– Ултиматуми во никој случај не прифаќаме“, изјави Андреј Петров.


Според него се помали се шансите да се надмине оваа состојба. Оној, вели Петров, кој што верува дека со комисија може да се реши кризата, како што тоа го сугерираше и Орав во интервјуто за Радио Слободна Европа, или е наивен или нема аргументи.

Би можело да ве интересира

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда