(ВИДЕО) Петрески: Институциите да преземат мерки за регулирање на високото ниво на Охридско езеро

Од:

Владата на Република Македонија и надлежните министерства да превземат најитни мерки и да го регулираат високото ниво на Охридското езеро кое почна да создава проблеми апелира градоначалникот на Охрид, Александар Петрески

„Нивото на езерото во мометов е далку над максималната кота, а со врнежите од дожд кои постојано паѓаат и со топењето на снегот кое ќе следува во наредниот период уште повеќе ќе се зголемува нивото на езерото. Поради ова езерото почна да создава проблеми и да предизвикува големи штети“ рече Петрески

Во текот  на ноќта дојде до оштетување и  на Мостот на желбите и дел од градскиот кеј

„Јас сум овде сега  не сум во Австралија, меѓутоа за да не бидам повотрно јас одговорен, ги повикувам надлежните министерства на владата и Елем да извршат што побрзо испуштање на водата према Црни Дрим. Ако ситуацијата вака продолжи ќе имаме големи штети како и пред неколку години“, додаде Петрески.


Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите