Бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за емисијата „HARDtalk“ на британскиот „Би-би-си“ зборуваше за отворените прашања меѓу Бугарија и Македонија и се осврна на прашањто на Бугарите во земјава велејќи дека немаат право на правна заштита.
– Да заборавиме на историските прашања за кои сите други зборуваат, да зборуваме на пример за Бугарите во Северна Македонија, се уште немаат право на правна заштита, рече Петов.
Во тој момент новинарот Стивен Сакур го прекина потенцирајќи ја темата за правата на Македоците во Бугарија.
-Извинете, но немаат права ниту етничките Македонци во Бугарија, всушност во Европскиот суд за човекови права има повеќе случаи врз таа основа отколку обратно, на Бугари чии права се повредени во Македонија. Се наоѓате на тенок мраз. Се се сведува на политичка волја, зошто вашиот претседател дека вашата подадена рака кон македонската влада, цитирам е „грешка“, па Вам ќе ви биде потребна поддршка од многу влијателни луѓе во вашата земја ако сакате да ги нормализирате односите со Македонија, рече Сакур.
Петков немаше директен одговор на оваа забелешка, продолжи да објаснува дека со македонскиот премиер Димитар Ковачевски постигнале согласност по прашањето за Бугарите во Македонија.
– Добри вести се тоа што кога разговаравме со премиерот на Северна Македонија ние всушност целосно се договоривме дека Бугарите треба да имаат легални права кои ги имаат сите Македонци и останатите народи како што се Албанците, добра работа е што имаме разбирање околу тоа, прашањето е како да се стигне до таму и кој е патот јавноста во двете земји да се согласи- рече Петков.
Тој потенцираше дека апсолутно сака да ја види Македонија во Европската Унија.