ВИДЕО: Петков и пред Шолц ги повтори условите за кревање на ветото

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во Софија дека силно го поддржува договорот за почеток на пристапните преговори меѓу Република Северна Македонија и Албанија со Европската унија.

„Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните земји, но нашето искуство покажува дека тоа е збогатувачко за сите кога станува збор за надминување на недовербата и градењето пријателски односи со соседите. Затоа силно го поддржувам договорот за почеток на преговорите. Верувам дека има шанса за напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе напредуваме. Убеден сум дека ние Европејците сме одговорни за ЕУ ​​и за стабилноста на Балканот. Важно е да го искористиме процесот на проширување сега, за доброто на Европа“. рече Шолц.

Западен Балкан мора да има сигурна европска перспектива, рече Шолц и додаде дека поддржува Северна Македонија да ги исполни условите.

Премиерот Кирил Петков рече дека Бугарија секогаш гледала на Западен Балкан како дел од ЕУ, но очекува да бидат исполнети условите.

„ Во овој момент Бугарија има три главни припритети за кои ЕУ треба да биде гарант. Пред да тргне процесот да се гарантите вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија. Истовремено ја имаме и рамковната позиција и догворот за добрососедство. Значи, решението треба да ги вклучува сите овие три работи“ – рече Петков.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија официјално го избра Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Шолц за Маск: „Сопствениците на социјалните мрежи нема да одлучуваат за изборите“

Предраг Петровиќ

Падна германската влада

А1он

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Песков: Шолц и САД продолжуваат да поттикнуваат војна во Украина