ВИДЕО: Петар Рупески прв до бурето со црвено вино

Од:

Петар Рупески со неговата тајфа од охридската населба Варош беа среќните фаќачи на бурето со црвено вино кое денес беше фрлено во водите на Охридско езеро.

Од трите буриња кои беа фрлени, две беа со бело вино , а едно со црвено вино. Најсреќниот доби вредни награди како и викенд во ски центарот Банско во Бугарија.

По бурињата во студените езерски води скокаа околу триесетина капачи претежно млади луѓе, а по меѓу нив и годинава традицонално поранешниот амбасадор на Европска Унија во Скопје, Ерван Фуере, кој рече дека со задоволство доаѓа во Охрид, и дека тоа и понатаму ќе го прави бидејки се чуствува како граѓанин на Охрид.

Ако Фуере двапати додека беше амбасадор во земјава прв стигнуваше до бурето со црвено вино, оваа година за адет влезе во езерските води.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките