(ВИДЕО) Пендаровски за Апасиев: Психопат, ушмркан, гнида од човек

Од:

„Тој тип минатата година јавно ја пцуеше Радмила Шекеринска и од прилика знам за каква креатура се работи, каков резон има, но навистина не верував дека може да дојде до ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е една лична болка која не можам да ја разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години. Мислам дека беше крајно нечовечки, пцовката сама за себе, особено да ми пцуеш гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува“, одговори претседателот Стево Пендаровски на новинарското прашање за пцовката која што му ја упати Димитар Апасиев преку социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

– Таква работа, таков јавен став може да каже само човек кој е ушмркан или му фали нешто во главата. Јас навистина мислам дека тој психопат не е со сите штом може вакви работи да постира на социјалните мрежи. Тоа е настан, изјава без преседан во современа Европа. Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг колега политичар. На Балканот тие работи особено ако имаш нешто меѓу нозе ги кажуваш во очи. Тој немаше храброст да ми ги каже во очи, туку се криеше во подрум и зад некоја тастатура и испраќаше пораки. Неговите пораки за сечење, бесење, колење ги испраќа преку фејсбук. Од друга страна што можеш да очекуваш од таква гнида од човек, да ти дојде во очи и да ти го каже тоа бидејќи знае кои се консеквенсите. Не само јас, туку секој нормален човек за починат родител не би му простил и знае што ќе добие во таква ситуација. Преку глава ми е од таквите фејсбук патриоти, големи македонски мажиња кои не туркаат во обратна насока од демократија, додаде Пендаровски.

На одговорот на претседателот веднаш преку социјалните мрежи реагираше пратеникот на Левица, Димитар Апасиев.

– Претседателската вошка Пендаровски ме нарекол „гнида“ на прес!?, напиша Апасиев.

Би можело да ве интересира

Претставници од Кабинетот на Претседателот оддадоа почит на 10-те армиски резервисти загинати кај Карпалак

Ана Ололовска

Пендаровски – Гир: Институции ќе вложат максимални напори за успешно спроведување на скринингот

Мицкоски: По подолго време нешто разумно од Пендаровски, граѓаните на референдум да одлучат за европската иднина на Македонија

ЗНМ и СЕММ: Стигматизирачки и омаловажувачки пристап на Апасиев кон новинарите

Пендаровски: Да овозможиме европските вредности да завладеат и кај нас дома

Се огласи и Апасиев по инцидентот со Костовски во Собранието

Горан Наумовски