(ВИДЕО) Пендаровски во посета на Марков Манастир: Само со меѓусебно почитување може да изградиме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите

Од:

По повод христијанскиот празник Велики петок, кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица.

При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигеднските денови што претстојат.

– Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации, порача Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?