ВИДЕО: Пендаровски во посета на Армискиот полигон „Криволак“

Од:

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска ги посети припадниците на Армијата на армискиот полигон „Криволак“ и изврши обиколка на инженерската единица која изведува работи во рамки на проектот за уредување на полигонот.

– Одговорните команданти го информираа претседателот Пендаровски дека почнувајќи од пред два месеци, инженерскиот баталјон заедно со канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД, реализираат проекти за поправка на постојната патна инфраструктура, како и за обележување и пробивање на траси за нови патни правци, соопшти кабинетот на Пендаровски.

Исто така, одговорните на полигонот го информираа претседателот Пендаровски за тековните, како и за идните планирани активности во насока на инфраструктурно подобрување на „Криволак“ со систем обиколница и внатрешно поврзување со вкупна должина од околу 74 километри со подготовка за воспоставување на влезови на полигонот од север, запад и од исток. Со новата инфраструктура, како што истакнаа претставниците на инженерскиот баталјон, ќе се зголеми мобилноста во рамки на полигонот, како и капацитетот за изведување на вежби, на ранг на други развиени земји.

Како 30-та земја членка на НАТО, Северна Македонија, како што рече претседателот Пендаровски, има што да понуди на своите сојузници во Алијансата.

– Полигонот за вежби „Криволак“, во кој изминатиов период се вложува многу, со цел да се модернизира, е еден од нашите ресурси коишто можеме да ги понудиме на НАТО, додаде претседателот Пендаровски.

При посетата на армискиот полигон „Криволак“, претседателот Пендаровски беше информиран и за претстојната вежба „Одлучен удар 21“, како и за интензивната соработка на нашата Армија со Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД.

Во рамки на таа соработка е и донацијата на материјали за изградба и поправка на патната инфраструктура на полигонот „Криволак”. Ова, како што истакна претседателот Пендаровски, е директна придобивка од членството на Северна Македонија во НАТО и соработката со САД, како еден од нашите најголеми стратешки партнери.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Војник на АРМ почина на КАРИЛ откако му се слошило на „Криволак“

Горан Наумовски

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ