(ВИДЕО) Пендаровски во Кичево: Груевски се плаши од фер и демократски избори

Од:

Вчера во Кичево се одржа една во низата трибини коишто СДСМ ги започна за промоција на мерките од Програмата на СДСМ коишто гарантираат сигурна иднина и подобар живот за граѓаните.

Носиелот на столбот Партнерства за демократска Македонија, Стево Пендаровски на трибината пред граѓаните истакна дека не се можни фер и демократски избори во Македонија без исполнување на условите со прочистување на избирачкиот список и реформи во медиумите.

-Медиумите се во уште полоша ситуација поради грозната пропаганда на оваа власт. Не може да се постигне договор за радиодифузниот сервис за да има избалансиран пристап. Приватните медиуми се купени од фамилијата, од бандата на Груевски. Не се донесе ни Законот за медиуми којшто го предложи здружението на новинари, ВМРО-ДПМНЕ го одби законот. Ни еден предлог, ние еден амандман за битните елементи на пржинскиот договор не прифатија. Тоа е така бидејќи Груевски се плаши од фер избори и сака да оди на избори без избор. Избори без избор се недемократски избори а на Македонија и требаат слободни, фер и демокартски избори со почитување на слободно изразената волја на граѓаните, рече Пендаровски.

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, Гоце Чакаровски, зборуваше за мерките од програмата на СДСМ. Чакаровски рече дека е недозволиво за регион како Кичево, со 50 илјади жители, во дежурна смена да нема доктори-анестезиолози.

-Докторите шетаат од Прилеп во Кичево, од Битола во Охрид. Во 21 век, тоа е незамисливо. Ова ќе се промени откако СДСМ ќе ја преземе одговорноста да ја води државата. Ние ќе водиме грижа пред се за здравјето на граѓаните. До крајот на мандатот, платите на докторите и на помошниот ме¬дицински персонал двојно ќе бидат зголемени. Целосно ќе ја укинеме партиципацијата за болничко лекување, нагласи Чакаровски.

На трибината во Кичево, претседателот на Комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски рече дека новата Влада предводена од СДСМ ќе го рестартира ТЕЦ Неготино како национален проект, и ќе обезбеди перманентно да функционира ТЕЦ Осломеј, без застој.

-Тоа ќе го направиме со отварање на Поповјани со што ќе обезбедиме работа на Осломеј во наредните 10 и повеќе години, истакна Андреевски.

Тој додаде дека една од првите мерки на СДСМ ќе биде враќањето на евтината тарифа на струјата.
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Ѓоко Танасоски рече дека новата Влада предводена од СДСМ ќе воведе државна социјална пензија.

-Има домаќинки, земјоделци, граѓани кои цел живот макотрпно работеле меѓутоа за жал не ги исполнуваат условите за старосна пензија. Преку државната социјална пензија ќе им овозможиме достоинствена старост. За сите над 65 години ќе биде обезбедена државната социјална пензија во висина од 4.800 денари, рече Танасоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел