(ВИДЕО) Пендаровски во Диво Насеље: Груевски од Будимпешта ги влече конците

Од:

Активностите на режимот на Груевски со кои се внесуваше раздор и поделби помеѓу граѓаните, со кои сакаше да се разниша заедништвото и соживотот, посочи Пендаровски вечерва во Диво Насеље.

За жал имаше и невини жртви. Намерата на Груевски не му успеа бидејќи жителите им одржаа лекција на таквите политичари, додаде тој.

„Вие одржавте лекција дека со политички игри не може да се урне соживотот. Сега на 5 мај граѓаните, вие, имате избор меѓу две опции. Првата, меѓу нас кои нудиме соживот, еднаквост, напредок, интеграции во НАТО и ЕУ. И втората, предводна од против кандидатката која вели дека се што е направено ќе се поништи. Тоа де факто значи враќање назад, кочење на држвата, изолација.

Груевски од Будимпешта ги влече конците, се гледа. Немојте да дозволите тие темни времиња да се вратат назад, ајде да одиме заедно напред“, рече Пендаровски.

Пендаровски побара глас и доверба за политиките кои водат напред, носат во ЕУ и НАТО , политики кои нудат еднакви права, доверба и економски просперитет за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“