(ВИДЕО) Пендаровски: Силјановска не е чесна пред граѓаните

Од:

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски во Свети Николе кажа дека неговиот противкандидат Гордана Силјановска Давкова го релативизирала настанот од 27 април.

-Вчера, ја чувме првостепената пресуда за немилите настани од 27 април, кога група насилници организирана од врвот на тогашната партија на власт, влезе во Парламентот со цел да го спречи мирниот трансфер на власта.

За жал таа партија и нејзиното сегашно раководство, не смогнаа сила да го осудат тој чин, да се оградат од насилниците и да побараат извинување од сите Македонски граѓани.

Уште полошо, кандидатот на таа партија за претседател на државата, го релативизираше настанот и рече дека некои други луѓе кои беа на страната на жртвите, требало да бидат процесуирани, а не насилниците кои посегнаа по животот на пратениците.

Како претседател, мојата прва и основна задача, ќе биде да ги штитам граѓаните и нивните права и слободи. И жестоко да се спротивставам на секој обид ако некој сака тие права и слободи на граѓаните да ги лимитира или да ги одземе, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата