(ВИДЕО) Пендаровски: СДСМ е вистинската опозиција, сите други ќе бидат пиони на власта

Од:

– Одлуката да се иземеме од Парламентот е одлична. Поинаква одлука не може ни да има. Овој таканаречен премиер многу добро знае дека со корупција на граѓаните ја узурпира нивната волја кој да ги претставува. Преговорите кои се започнати се започнати од овој т.н. премиер бидејќи Европа така му рече, не дека тој има намера да признае дека избрите не беа фер и демократски – изјави Стево Пендаровски на денешната дебата „Што да се прави за повторно освојување на слободата“, која ја организираа независни интелектуалци и здружената опозиција.

Пендаровски вели дека Груевски се согласил со се’, освен со одлуката за формирање на техничка влада.

–  И самиот тој знае дека во тие 4 точки лежи нашиот пораз а неговата во наводници победа. А вистинската битка со него, за да ја знаеме волјата на граѓаните е таа техничка влада која ќе има задача да не се користат државните ресусри за купување на гласови. Четири ресори мора да бидат од технократи , мора да има контрола врз МВР, Министерството за финансии, Министерството за Труд и социјала и Министерството за земјоделие. Нема да има никакво враќање под никакви услови, освен ако не се удоволат барањата на опзицијата, оосбено она за техничката влада. Ние немавме изборен пораз. Ние не ја знаеме вистинската волја на граѓаните. Волјата ни беше киднапирана. Ако изборите беа чисти никој немаше да го натера Груевски да преговара. Совеста не му е чиста. Во анализата на мојот тим за претседателските избори дојдовме до податоци дека корупцијата за да победи против-кандидатот била за 30 насто поголема од претходните локални избори, а за 45 до 50 насто од претходните парламентарни – изјави Пендаровски.

Според него, вистинската опозиција е СДСМ и не постои трет пат. Како што изјави Пендаровски, сите други ќе бидат пиони на власта, чија задача ќе биде да глумат лажна опозиција.

– Кој сака нека влезе во Парламентот. Нека бидат и три, и пет и триесет пратеници. Ова е опозицијата и таа мора да се избори за слободата на граѓаните и да го урне овој режим – рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено