(ВИДЕО) Пендаровски: Прв пат после 10 години имаме јасна насока каде одиме

Од:

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски, денеска го посети Тетово.

Пендаровски со граѓаните разговараше за патот по кој оди земјава, за решавањето на деценискте проблеми и придобивките кои ги носат евроинтеграциите.

Пендаровски истакна дека по години стагнација и изолација, државата конечно има јасна слика и јасен пат по кој се движи, а тоа е патот што води до полноправно членство во ЕУ и НАТО.

„Ова е време на решавање децениски проблеми што не држеа во изолација и време на крупни одлуки кои ни помагаат заеднички, обединети да градиме подобра иднина за нас, за нашите деца. Цврсто верувам во европската иднина на нашата држава и затоа се кандидарам за претседател. Мораме да продолжиме да чекориме по патот на развој и напредок, мора да останеме посветени на процесот на евроинтеграциите затоа што тие носат огромни придобивки, како за државата, така и за граѓаните“, порача Пендаровски од Тетово.

Граѓаните на Пендаровски му ги пренесоа очекувањата за потребата од вистински претседател кој ќе обединува и сплотува и изразија верување дека токму тој, Стево, ќе биде следниот претседател кој ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ