ВИДЕО: Пендаровски побара кривична и политичка одговорност за вмешаните во „Рекет“

Од:

Ефективна и темелна истрага за случајот „Рекет“, почитувајќи ја презумпцијата на невиност, е едно од четирите барања кои ги испорача претседателот Стево Пендаровски. Тој побара обвиненија против сите инволвирани без разлика дали се носители на јавни функции доколку се докаже нивната замешаност, а осевн кривична Пендаровски рече дека треба да понесат и политичка одоговорност.

„Освен кривично-правната одговорност, доколку има друга, било каква поврзаност со случајот, во смисла на давање на заштита на лицата под истрага, инсистирам и на политичка одговорност на политичарите, независно дали се од власта или од опозицијата. Во овој контекст е најдобро, сите оние чии имиња се споменати, независно дали со основ или намерно, само со цел да бидат дискредитирани, самоиницијативно да дадат изјави пред надлежниот обвинител со цел да покажат дека пред законот и пред јавноста сме сите исти“, рече Пендаровски.

Додаде дека како претседател ќе даде целосна поддршка на надлежните институции, обвинителството и судот и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да ги заштити од притисоци. Исто така, ќе ги употребам сите законски овластувања да ја заштитам националната безбедност од обиди за нејзино нарушување било од надвор, било од внатре.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка