(ВИДЕО) Пендаровски: Никогаш да не се повтори 27 април

Од:

Денешниот датум, 27 април, пред две години на овој ден, ја имавме една од најгрдите епизоди воопшто во историјата на модерна Република Македонија Имено на тој ден, знаете сите, беше организиран упад во највисокиот законодавен дом, во кој тогашната партија на власт се обиде да го спречи мирниот трансфер на власта, рече денеска Пендаровски.

На тој ден страдаа пратениците, страдаа новинарите, страдаа вработените во Собранието, дел од луѓето кои упаднаа добија судски пресуди, а за дел од нив се постапките во тек, она што е најважно и она што мислам дека во вториот изборен тек да се потенцира е дека не чувме политичка осуда, било каква осуда, макар од човечки аспект на луѓето, на политичката партија, на кандидатите кои и сега ја бараат вашата доверба во очи на 5 мај и вториот круг на Претседателските избори, посочи Пендаровски.

Имено, партијата која тоа тогаш го организираше ВМРО-ДПМНЕ, и нејзиниот кандидат односно кандидатка Силјановска ниту тогаш, ниту во изминативе две години во било кој повод не кажа ниту еден збор осуда за тој чин кој ја посрамоти Македонија и ја нареди во кругот на земји кадешто такви случаи се практикуваат во недостаток на базичен мир и безбедност за граѓаните, додаде Пендаровски.

Во модерна Европа таков чин нема забележано во изминативе векови, ние бевме првата Европска држава која тоа го направи и оние кои тоа го направија и ден денеска ја бараат вашата доверба врз истата платформа, врз истите политички постулати велејќи дека сакаат повторно да дојдат на власт и колнејќи се во правото и во правдата, рече Пендаровски.

Сите тие флоскули за право и правдина, би вределе, би имале тежина, само во случај ако г-ѓата Сиљановска и партијата која ја поддржува го осудат овој чин и конечно кажат дека од таквите луѓе кои тоа го организираа, сите ние треба да се срамиме, смета Пендаровски.

Ова е многу побитно од тоа кој ќе добие на изборите, ова е многу побитно и од пратенички мандати и од советнички мандати, ова е многу побитно од бројот на гласови што ќе го добиеме, ова е побитно дури и од тоа дали ќе добиеме датум за преговори во Јули, додаде Пендаровски.

Едноставно како луѓе, мораме да се погледнеме во очи, да си кажеме дека тоа не беше во ред дека тоа не беше деморкатски, и дека такви практики никогаш повеќе во оваа држава нема да се повторуваат, сосема небитно кој е власт а кој опозиција, заклучи Пендаровски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски