(ВИДЕО) Пендаровски: Мој концепт е НАТО, а на другата страна оспорување на Преспанскиот договор

Од:

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски во Велес кажа дека земјава е де факто членка на НАТО Алијансата, и која за неколку месеци до крајот на оваа година, ќе биде и полноправна членка на најмоќниот воено – политички сојуз.

Тоа значи, накусо кажано зголемена бројка на странски инвестиции, повеќе работни места за нашите млади, помалку луѓе кои се иселуваат, едноставно повеќе шанси за подобар живот во својата земја.

Сите членки на НАТО кои тоа станале во последниве десет или петнаесет години, од кои некои и во нашиот регион, потврдуваат дека веќе во првата година по членството во Алијансата, странските директни инвестиции се зголемиле два пати, три пати, и повеќе пати.

Во овој контекст сакам да ја посочам разликата помеѓу мене, и главниот опозиционен кандидат, и мислам дека во тој дел граѓаните ќе немаат голема дилема.

Значи, на една страна ова што јас го нудам и 31 политичка партија и граѓаните коишто стојат зад мене, земјава членка на Евроатлантските Интеграции, членка на НАТО и ЕУ, со отворени порти за подобар живот за сите нас, а на другата страна имате концепт кој заговара оспорување на Преспанскиот Договор, и оспорување со тоа на нашето членство и во НАТО и во ЕУ подоцна.

Значи мислам дека граѓаните овој пат ќе знаат да ја направат разликата меѓу луѓе кои заговараат концепти од 19 и од 20-ти век, концепти кои се поврзуваат со национализам и популизам, и со нереализирани ветувања, и концепти кои ја водат Република Северна Македонија во друштво со најмодерните и најпросперитетните нации и држави во светот.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски

Официјална церемонија на примопредавање на претседателската функцијата