(ВИДЕО) Пендаровски: Меѓународната заедница е пасивна, проблемот е оваа власт

Од:

Стево Пендаровски кандидатот за претседател од СДСМ рече дека меѓународната заедница за време на целиот изборен циклус остана нем набљудувач.

За него индикативно е што странците после секои избори доаѓаат во седиштето на СДСМ, а проблемите произлегуваат од Илиндеска бб, па на меѓународната заедница им порача дел од своето време и енергија да насочат таму.

„Мој впечаток е дека во изминативе месеци и неколку години меѓународната заедница и дипломатите во Скопје се само пасивни набљудувачи на ретроградните политики и процеси кои се случуваат во Македонија и во тој контекст, така мислат така нека постапуваат, меѓутоа во тој контекст би сакал да им дадам една пријателска сугестија. Од денес па во наредните денови би ги замолил дел од своите ресурси и напори ги насочат кај досегашната власт затоа што тие се генераторот на овие ретроградни политики, односно генераторот на кризата кој ги компромитираше сите државни институции во земјава“, рече Стево Пендаровски.

Пендаровски посочи дека доколку демократијата е основен постулат на кој се потпира Македонија, тој ќе победел вчера со разлика од 100.000 до 150.000 гласа.

Кандидатот на СДСМ рече дека останува на страната на опозицијата но и зад квалификацијата на лидерот Зоран Заев кој вчерашниот ден го оквалификува како системска кражба. Се заблагодари на сите оние кои својот глас го дадоа за него.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он