(ВИДЕО) Пендаровски: Ги потпишав указите за петте закони поврзани со „Бехтел и Енка“

Од:

Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот на Законот за измена и дополнување на Законот за работни односи кој се однесува на изградбата на коридорите 8 и 10 Д, како и на останатите четири закони поврзани со „Бехтел и Енка“.

– Донесов одлука да го потпишам указот за овој закон и за останатите четири закони откако се консултирав со поранешни судии на Уставниот суд и со моите советници, рече претседателот Стево Пендаровски.

Изминатиот петок ги примив петте закони за измениувањее и дополнување на законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10Д или популарно закони за „Бехтел и Енка“.

Се разви дебата во општеството и за нивната уставност. Дебатата беше злоупотребена за поларизација на нашето општество. Во однос на Законот за работни односи сакам да ве информирам дека усвоениот текст не ја содржи оспорената одредбата од Уставен суд која предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината. Јас кажав дека нема да потпишам закон кој содржи одредба оспорена од Уставниот суд и во таа насока во измените на законот нема таква одредба – истакна Пендаровски.

Првиот е закон за изменување на Законот за работни односи, потоа Законот за експропријација, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и Законот за утврдување на јавниот интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на коридорите.

Би можело да ве интересира

Груби и Бочварски станаа експерти за патишта: Со инженерската фела ќе дебитираат за„Бехтел и Енка“

Орце Костов

Пендаровски: Неизвесноста го засилува масовното иселување на младите

Пендаровски: Руската инвазија врз Украина ја наметна потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на Западен Балкан

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Николовски: Не добивме кредибилен демант дека не се следат комуникациите на граѓаните во Македонија

А1он

Посредници од политички и безбедносни структури ургирале Пендаровски да размисли за помилување на одредени политичари

Горан Наумовски