(ВИДЕО) Пецаков: И по осум месец охриѓани немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите

Од:

Кирил Пецаков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ продолжува да ги манипулира граѓаните и дека работи без конкретни нови мерки. Тој истакна дека тие не преземаат активности за решавање на проблемите кои ги мачат граѓаните.

– Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите. За нив, нема ниту денар, ниту пак солидарност. Околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен. Владата и локалната самоуправа предводени од СДСМ треба да се изјаснат зошто се уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот и истиот бил доставен до Владината комисија уште на 30 август, рече Пецаков.

Тој запраша зошто комисијата е разрешена и зошто не е постапено по барањето.

– Се покажува вистинското лице на СДСМ и пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска коишто пак претходно не го прифатија интервентниот амандман од 2 милиони евра со цел за располагање на граѓаните коишто претрпеа штети. ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да покаже совест и грижа за граѓаните и паричните средства во најкус можен рок да бидат исплатени на граѓаните. Охриѓани заслужуваат искрено внимание и помош од власта и лолаклната самоуправа која има одговорност за нив, а не нивна злоупотреба само кога од тоа се собираат политички поени во време на политички кампањи, рече Пецаков.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази