(ВИДЕО) Павловска: Со промоција на историјата и обичаите Крива Паланка ќе стане туристичка дестинација

Од:

Изабела Павловска, носител на советничка листа на СДСМ и коалицијата за општина Крива Паланка денеска во изјава за медиумите рече дека културата е обележје на еден човек, група или нација и е битен елемент во нашето секојдневие кој треба да се негува.

– Културата има важно значење во градењето на свеста и вкусот на поединецот, но исто така има и огромна улога во градењето на неговиот карактер. Ќе покажеме особен интерес за нејзиниот понатамошен развој. Нема да дозволиме никој да ги нарушува нашите културни вредности туку силно ќе ги браниме и промовираме. Сите досегашни манифестации ќе ги продолжиме и ќе ги надополниме со уште поинтересни содржини за граѓаните. Ќе формираме и младински културен центар каде младите ќе имаат можност да учат но и да творат, збогатувајќи го на тој начин нашето културно наследство, рече Павловска.

Таа најави промоција на историјата и обичаите, за Крива Паланка да биде препознаена и како туристичка дестинација, но и за да се потсетиме кои сме и од каде потекнуваме.

– Еден познат американски борец за човекови права рекол: Луѓето без познавање на својата историја, потекло и култура се како дрво без корен. Кога и да е ќе пресуши и ќе остави една голема празнина. Така е и со нацијата. Да си ја зачуваме културата и културните вредности и да ја негуваме затоа што од неа ќе зависи какво наследство ќе оставиме на идните генерации, рече Павловска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата