(ВИДЕО) Пауновска до Русковска: Претера Вилма…

Од:

Вишата обвинителка од Гостивар, Деса Пауновска која е во трката за шефовското место во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, смета дека тимот таму е составен од исклучително добри, но и исклучително лоши обвинители. Таа во дебатата на „А1он“ посочи дека и Русковска како актуелна шефица знае дека: „таму има обвинители кои навистина многу работат и имаат многу тешки предмети и обвинители кои не се дораснати, не сакаат, немаат желба да работат“ и порача: „Тој начин мора да се промени“.

Пауновска имаше критики за начинот на кој функционира ова Обвинителство. Замеруваше на условите во кои се работи, непреселувањето во новата зграда, како и тоа што Законот за јавно обвинителство се менуваше, а не се донесе многу подобар закон. Не се жали на притисоци од моќници.

Прашана како ќе изреагира ако на неа и кажат: „Ќе завршите како Катица Јанева“, како што Русковска тврди дека и било кажано, обвинителката Пауновска рече: „Јас не кревам телефон на такви луѓе“, а пак, актуелната шефица и возврати: „На тој телефон ќе мораше да кренеш“.

Имаше и порака до обвинителите.

„Ако целата твоја кариера не зависи од ниту една политичка партија, тогаш не знам со кој образ некој политичар ќе ти се јави и ќе ти рече: ‘е овој предмет може вака да заврши’. И тука е грешката. Јас имам 58 години. Ние разговаравме да оставиме здраво обвинителство. Барем обвинителството за гонење организиран криминал да остане по нас како здраво обвинителство ослободено од притисоци. Притисоци мора да се пријават“, додаде таа.

Со Русковска ги судрија ставовите. Пауновска и порача на шефицата која е и нејзин противкандидат, да си ги снима разговорите ако има закани и притисоци.

„Некако мора Вилма да се стави крај на тие притисоци. Мора. Или ќе не биде или воопшто нека не нѐ биде“, додаде Пауновска.

На Русковска в лица и кажа што и пречи.

Претера Вилма…

„Ти постојано, откако се случи тоа што се случи, постојано по телевизии. Тоа создава лоша претстава само за обвинителството. Дополнително ја намалува довербата. И што гледаат, тоа е судир меѓу обвинител и републички. И си велат: ‘ако тие меѓу себе не можат да си усогласат односите, како ќе се борат со криминалот’. А таков е впечатокот. Јас таков имам, од тоа што слушам: ‘Претера Вилма…’. Тоа зборување во јавноста до некаде треба да има граница“.

Пред колегите кои треба да одлучат дали ќе биде нова шефица, Пауновска кажа дека има програма, но и визија.

„Нема да бидам строга, ќе работам заедно со обвинителтие. Јас сум научена да работам. Но мора да се расчисти кого бива кого не бива. Затоа е лоша перцепцијата и се перцепира дека таму работат само пет обвинители. Јас имам таков впечаток и ти кажав: Вилма со многу малку обвинители работиш. Дел па не само што не ја познаваат работата, туку се и по конференции, па предавачи, едукатори.. Не може да иде на секој семинар…“, рече Паувноска.

За неа, Паиновска додаде: Јас сум над 30 години во правосудство. Пет години јавен обвинител во ОЈО-Тетово, пет години во ОЈО-ГОКК, 4,5 во вишо обвинителство, четири години член на Совет на јавни обвинители. Да ги тргнете се, освен гонењето организиран криминал бидејќи таму конкурирам. Тоа се предмети од злоупотреба на службена положба, давање поткуп, примање поткуп, перење пари, нема ниту едно кривично дело од тој дел кој не сум го работела. Финансиски истраги, вклучително и последниот предмет, керозинот од 4 милиони евра. Ниту некој ми влијаел.. Кога ќе слушнам: ‘Ми влијае некој…’, си викам: ‘зошто мене не ми влијае никој, никој не ми се јавува?’. Или пак тоа јавување не го сметам како закана…“.

Конфротирањето меѓу Пауновска, Русковска и Незири и судирот на ставови, во дебатата на А1он.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Дисциплинската комисија бара разрешување на Вилма Русковска

Катерина Ѓуровски

Дисциплинска постапка против Русковска и уште две обвинителки

Ана Ололовска