(ВИДЕО) Партиите мора да го оправдаат секој денар потрошен во изборна кампања, извештаите мора да бидат попрецизни

Од:

Во Хрватска граѓаните го казнуваат расипништвото на партиите во изборни кампањи, посочија експерти од оваа земја кои се занимаваат со прашањата околу финансирањето на партиите, на денашната работна средба организирана од невладината „Цивил“ на тема „Финансирањето на политичките партии и изборните кампањи“.

Македонското законодовство им дозволува на партиите висок праг во износите за изборни кампањи, а во Хрватска дозволените суми се неспоредливо пониски. Во Хрватска партиите можат да потрошат максимално околу 2 милиони евра, а во Македонија речиси дупло повеќе. Освен тоа експертите предупредуваат на површните извештаи за финансирање кои ги поднесуваат политичките партии. Во Хрватска тие мора да бидат подетални и попрецизни.

-Надзорот на државните органи не смее да се сведе на примање извештаи и нивно објавување на интернет страниците. Некој тоа треба да го погледне, да го спореди со сметките, да ги истражи донаторите. Извештаите во Македонија се доста оскудни. Наш предлог и препорака е при секоја измена на изборниот кодекс дополнително да се менува и образецот за поднесување извештаи, со цел содржината на извештаите да се детализирани. Нашите извештаи се неспоредливо подетални – рече Александра Јозиќ-Илековиќ, поранешен заменик претседател на хрватскката Државна изборна комисија, а сега висок советник во хрватската Влада.

Секој трошок на партиите, посочува таа, мора да биде ставен на посебна сметка. Детално треба да бидат наведени трошоците за расходи, а детално цената за рекламирање и остварените попусти во медиумското огласување. Од голема важност е партиите да ги наведат трошоците за изнајмување на простор, за промотивни материјали и други работи за медиумите да можат после да ги споредат.

Една партија во Хрватска закаснила два дена со поднесувањето на извештајот и била казнета со речиси еден милион евра. Драган Зелиќ, член на граѓанската органзација „Гонг“ која има светско реноме во набљудувањето на изборните процеси вели дека партиите не смеат да бидат недопирливи, а новинарите треба да ги гњават со прашања.

-Досаѓајте и прашувајте од каде им се парите. Можете да имате се чисто во извештаите, но направете споредба затоа што имале големи трошоци. Од кај им се парите? Може да биде се во ред со инспекциите, но се случува фирми да им ги плаќале сметките. Сите институции треба да бидат впрегнати во истрага за изворот на парите, јавното обвинителство мора да работи независно, а институциите мора да казнуваат. Извештаите мора да бидат веродостојни. Се знае кој колку трошоци имал. Кого правите будала? – им порачува Зелиќ на партиите.

„Гонг“ во 2007 година го споредил трошокот на ХДЗ за рекламирање. Партијата навеле дека за целата кампања ќе потроши 20 милиони куни, а закупила медиумски простор кој, според пресметките на „Гонг“ вредели околу 25 милиони евра.

-Немаше одговор од кај се парите. Сега знаме – вели Зелиќ посочувајќи на скандалот во Хрватска кој заврши со затворска казна за екс премиерот, Санадер.

Проблемот во Македонија е, велат тие, во тоја што Државната изборна комисија не навлегува во содржината на извештаите, туку само ги објавува. Извештаите мора да бидат детално проучени, без разлика дали за тоа ќе биде задолжнеа ДИК, или некоја друга институција како Антикорупциска комисија, велат експертите.

Џабир Дерала, од „Цивил“, пак, смета дека во услови како во Македонија, каде има висока стапка на сиромаштија, сумите што ги трошат политичките партии во изборна кампања се несразмерно високи во споредба со екомската состојба на граѓаните.

-Една третина од наслението живее под прагот на сиромаштијата, повеќе од половина вработени се исто така сиромашни бидејќи заработуваат минималец. Не стигнуваат ни до просечниот личен доход кој е напумпан. Во такви услови на сирмаштија и исцрпено население, сметаме дека партиите не смеат да земаат ни 15 денарт од глас. Ако се грижат навистина за своите гласачи, солидарно е да се откажат од надокнадата – вели Дерала.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски