(ВИДЕО) Парталов: Комуналниот надоместок на ЈП „Агро Берза“ за власта е инвестиција

Од:

Нема да зборуваме за тоа кој лаже за странската инвестиција во Струмица. Изводите од уплатниците од ЈП „Агро Берза“ со коишто е уплатен надоместокот, на нив пишува надоместок за уредување градежно земјиште, а не нешто друго што може да биде инвестиција во инфраструктура, рече Кирил Парталов, секретар на општина Струмица.

Како тие сакаат да спинуваат е друго – еве доказ дека станува збор за надоместок за уредување градежно земјиште!

Тоа се документите и фактите.

Сега прашуваме, дали и понатаму власта ќе тврди дека инвестирала во инфраструктурата во општина Струмица ? Документите покажуваат дека таа само платила надоместок за уредување на градежно земјиште, што Општината понатаму САМА го инвестирала во изградба на инфраструктура.

DSC_0040

По логиката на власта, што не е соодветна на законските надлежности, дека таа инвстирала во инфраструктурата – за објектите што централната власт ги гради во Струмица, а тоа се спортските сали во Куклиш и во СОУ „Димитар Влахов“, како инвеститор треба да се смета и општина Струмица, затоа што Општината таму има извршено ослободување од плаќање на надоместок, а сепак инвестирала во изградбата на инфраструктурата во овие објекти.

Предлагаме:

Бидејки во собраниска процедура се измените на Законот за градежно земјиште, во законот нека вметне одредба со којашто Комуналниот надоместок уплатен од нивна страна ќе се смета за инвестиција во комунална инфраструктура, па така ќе ги озакони нивните желби.

За крај, општина Струмица им се извинува на сегашните инвеститори за споменувањето на нивните компании или упатувањето кон нив, доколку тоа за нив создаде одредени непријатности со прес-конференциите, испровоцирани од власта, со цел, од `се што можат да направат свој маркетинг.

На сите инвеститори општина Струмица целосно и со сите ресурси им стои на располагање во нивните намери. Апелираме до Владата да престане за свои интереси да нанесува штета на РМ.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Струмичанец прво се обиде да ја отруе сопругата, а потоа со нож и нанесе повреди на вратот

Горан Наумовски

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас