(ВИДЕО) Панова: Талат Џафери ја суспендираше основната надлежност на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум

Од:

„Талат Џафери ја суспендираше основната надлежност на Уставниот суд, само за СДС да избега од референдум. Ако Собранието го има врвниот познавач на правото Талат Џафери, зошто тогаш е потребен Уставен суд? Зошто е потребно други истакнати правници да седат во Уставен суд и да земаат плата, ако нивната работа веќе ја врши Џафери?“, вели Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со што се задолжи антимакедонската СДС кај ДУИ, за Талат Џафери да прави вакви правни гимнастики за да ги спаси?

Над 60% од Македонците поддржуваа референдум и ќе излезеа на истиот. Огромно мнозинство од истите ќе гласаа за поништување на договорот со Бугарија. А, власта се исплаши од тоа.

Антимакедонската СДС знаеше дека доколку на референдум излезат околу милион наши сограѓани, тоа ќе биде крај за сите нивни политики, не само крај за договорот, туку и за владата и партијата која го преговараше.

Антимакедонската СДС го натера Талат Џафери спротивно од чл.24 од Законот за референдум да не дозволи негово одржување, и се стави над целиот парламентарен систем и воопшто не го испрати барањето до претседателот на Законодавно правната комисија, како што налага процедурата.

Џафери по налог на Ковачевски влезе во правни гимнастики кои немаат реална правна подлога, туку чисто силеџиство, и насилно практицирање на власта со кршење на сите норми и начела на правото.

Со политичка одлука е спречен највисокиот чин на демократијата – референдумот.

Антимакедонската СДС и нивниот извршител во Собранието Талат Џафери треба да знаат дека од соочување со народ избегаа моментално, но одговорност пред народот ќе има, кога ќе бидат казнети и жестоко поразени“, изјави Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски