(ВИДЕО) Панова: Кандидатот на СДСМ за Лозово малтретираше бремена жена која го загуби бебето од стрес, да се осуди одлуката на Заев

Од:

„СДСМ се залагаат за родова еднаквост само на хартија, во реалноста е сосема поинаку. Всушност, тоа е партија на женомрзци, луѓе кои малтретираат вработени и вршат мобинг врз жени. Дека тоа е така докажува одлуката на Заев и СДСМ кандидат за градоначалник на Лозово да го предложат монструмот Ацо Велковски, досегашен градоначалник“, рече Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој човек вршеше повеќемесечен мобинг и малтретираше жена која претходно 14 години била вработена во општината но како резултат на бруталната тортура, истата доживеа спонтан абортус на нејзиното 7 месечно бебе, а потоа беше избркана од работа.

Сторијата на Виолета Колева, е тажната реалност која ја живееме со СДСМ, и тажната реалност со која се соочуваат многу жени со оваа власт.

Заев со тоа што го предлага Ацо Велковски како кандидат за градоначалник за Лозово, го одобрува мобингот и малтретирањето кое овој човек монструозно го вршел врз Виолета, но истовремено остава можност овој човек да малтретира и врши мобинг и во иднина.

Заев и СДСМ покажаа дека само лажно се залагаат за заштита на правата на жените.

Се прашуваме дали Сања Лукаревска како потпретседателка на СДСМ но и сите жени функционерки во СДСМ, би застанале во одбрана на жена од било која партија, и дали би го осудиле овој, ваков или сличен чин на насилство?

НИКАДЕ, а најмалку во политиката смее да има место за насилници, и луѓе што малтретираат и вршат мобинг врз жени. Токму затоа ги повикувам:

· Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија да реагира и да ја осуди одлуката на Заев и СДСМ за кандидирањето на Ацо Велковски.

· Истовремено ги повикувам Хелсиншкиот комитет, Маргини но и други невладини организации кои се занимаваат со заштита на човекови права да го осудат овој чин и да побараат одговорност.

· Очекувам реакција и од Народниот правобранител, но и од сите институции кои до сега молчат во однос на овој случај.

Време е за политика со јавна и силна осуда за секакво насилство врз жена. Скандалот за ваквото монструозно однесување на Велковски врз жена е доволна причина јавно да искажеме осуда за неговата повторна кандидатура за градоначалник на Лозово!

Потребни се промени и ние ќе ги донесеме тие промени, а луѓе како Велковски нема да се повторат. Време е за Македонија за сите луѓе!“, изјави Ели Панова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ