(ВИДЕО) Пандов: Заев ја претвори Македонија во тезга, време е за оставка

Од:

Она што сакам да ви го кажам на почетокот е што предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро, рече Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ.

Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да не доведе да го изгубиме не само македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет туку да ја изгубиме македонската историја.

Од тука повикуваме оставка на Заев и слобода на народот“, изјави Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче