ВИДЕО: Падна понуда за кладба во Собранието меѓу власта и опозицијата

Од:

Понуда за кладба во ручек падна во Собрание, а откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, најави дека промената на власта ќе биде многу брзо. Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, дел од пратеничката група на СДСМ, му понуди кладба на пратеникот Стојаноски, за која потоа кажа дека е шега.

„Во оваа држава, веднаш по промената на власта која ќе биде многу брзо, законот ќе важи еднакво за сите и ќе ви покажеме како ваквите насилници, ваквите силеџии, како што се директорите на затворите, министрите, градоначалници ќе се најдат онаму каде им е местото, само затоа што мислат дека ако имаат функција се над другите граѓани“, кажа Стојаноски.

По повлекувањето на Стојаноски на местото каде седи, следуваше понудата за кладба.

„Ти благодарам Бојан. Може да се кладиме? Да се кладиме за изборите“, праша Мисовски.

Откако реагираа другите пратеници со „еееј“, Мисоски рече: „Мала шала, одиме со одговор на второ прашање“.

Мисоски го исклучи микрофнот, но бидејќи беше вклучен тој на говорницата, се слушаше дообјаснувањето на потпретседателот на Собранието: „Е па во ручек ќе се кладиме со Бојан. Во ручек“.

Со оглед дека пратениците кои дофрлаа беа со исклучени микрофони, не се слушаа остатокот од репликите од место.

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски