(ВИДЕО) ОТПОР: Груевски го потпиша криминалниот договор за ОКТА

Од:

[staff name=”Темјана Поповска” position=”Автор”][/staff]
Регулаторна комисија, велат од Отпрот наместо стожер на енергетиката и гарант на социјалната сигурност, фамилијата ја претвори во партиска испостава, комишски послушници на режимот каде што се носат погубни одлуки за државата.

Затоа велат граѓаните плаќаат енормно повисоки сметки за струја, парно, бензин. Денес велат граѓаните се сведоци како народните пари се трошат на реклами, на коли, на партиски вработувања, а денар не се издвојува за нови енергетски објекти.

Укажаа дека граѓаните, пензионерите и невработените најмногу ги погодија зголемените сметки за струја за повеќе од 50 проценти. Пензионерите велат наместо срамните пет проценти зголемување на пензиите, повеќе сакаат да се врати цената на струјата и парното од 2006 година, но ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да се врати евтината струја.

На власта и порачаа да го олабави народот од арачот. Власта укажаа повеќе се грижи за интересите на ОКТА и на Топлификација отколку за стандардот на граѓаните. Прашаа што му овозможи на Никола Груевски криминалниот договор за продажбата на ОКТА.

Укажаа дека ОКТА е продадена со договор лично потпишан од Груевски и сето ова велат може да функционира со регулаторни тела кои што се партиски испостави и наместо за граѓаните се грижат да ги задоволат желбите на партискиот шеф Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење