ВИДЕО: Откриени повеќе од 20 неисправни возила кои превезувале деца на училиште

Од:

Во контрола на 328 возила за превоз на деца кон училиште на 104 локации, 23 возила кај кои биле констатирани недостатоци биле искчучени од сообраќај информираат од Минстерството за внатрешни работи.

– Вчера (03.02.2022) во периодот од 06.30 до 09.30 часот, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи. Притоа биле исконтролирани 328 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 104 локации, при што биле констатирани кривични дела и прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести и сл. Од сообраќај биле исклучени 23 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата утврдени се 24 кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик, во врска со вршење на јавен превоз без соодветна лиценца и 68 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он