(ВИДЕО) Осуди, но се бара и казна за Лазаров, тој се правда: Не поддржувам силување, ова е лажна хајка

Од:

Вистинска бура на осуди настана по емисијата на јутјуберот Стефан Лазаров каде гостин му беше Драган Павловиќ Латас и кој објаснуваше за секс во фиќо и за шамарање девојки. Дали Лазаров и Латас се смееа за силување девојка и за шамарање девојки?

Многу невладини и борци за човекови права реагираа веднаш на ваквата емисија и смеењето на Латас и Лазаров и побараа да се покрене постапка против нив.

КОМУ МУ Е СМЕШНО СИЛУВАЊЕТО?

Во скорешното интервју на Латас кај некојси јутјубер Стефан Лазаров, гостинот лабаво раскажа како тој и негови другари на 15 години групно силувале девојка во автомобил Фичо која првин едниот од нив ја натепал. За емисијата со Латас , јутјуберот Лазаров ќе рече- ИСКИНАВМЕ!

Да, ја искинавте последната надеж дека ова општество е нормално, ја искинавте последната трошка верба дека јавната сфера е хумана и емпатична и мене лично (а верувам и на многумина) ми го искинавте срцето.

Додека Латас раскажува, Лазаров се кине од смеење, што особено го радува раскажувачот. Се смеат заедно, заоѓаат во злорадост, исполнети од сопствениот успех. Едниот мисли дека е мангуп зошто силувал, другиот мисли дека е мангуп зошто ја има можноста ексклузивно да го сподели овој подвиг на силувачот.

Ми се преврте утробата, што од гадење, лутина и бес, што од немоќ. За жал, силувањето се случило одамна и во моментов освен признание нема речиси никаква можност за кривичен прогон. Дополнително, јутјуб каналот на Стефан Лазаров не е препознаен како медиум во нашите закони, па не подлежи на санкции. Единствено што ни останува е јавната осуда. Ни приближно доволно, ама единствено исправно, напиша Ирена Цветковиќ, извршна директорка на коалицијата Маргини.

Голем број невладини и граѓани на социјалните мрежи бараат да се испита дали може да одговараат Лазаров и Латас. Сите се згадени од муабетот, а воедно ги повикуваат спонзорите на Лазаров да се откажат од рекламирање инаку ќе се повика на бојкот на нивните производите.

По острите реакции се јави и Лазаров кој кажа дека погрешно е се сфатено.

„Чувствувам морална одговорност да Ви се обратам на сите по скандалозните обвинувања дека сум подржувач на силување и на малтретирање на жени. Од старт сакам да кажам и потсетам дека од првиот ден зборувам јавно за еднаквост, поддршка и љубов помеѓу мажите и жените и никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Многу од вас можеби слушате и првпат за мене денес па си формирате своја слика на лажни обвинувања. Тие што ме следат постојано точно знаат каков човек сум и за што се залагам!

Во мојот подкаст Латас раскажа ситуација од своите средношколски денови и во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА!

Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години. Не би сакал да навлагам во детали, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за силување. И јас имам и мајка, сестра, девојка, баба и многу пати пак , ќе повторам , сум зборувал за еднаквост!“, напиша Лазаров

„Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент да уништите некого и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш“, додаде Лазаров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тамара Тодевска и Стефан Лазаров со песна за сите блиски кои повеќе не се со нас

А1он

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он