ВИДЕО: Оставка на Зврлески – протести и блокада на Обвинителството

Од:

Со протест и блокада пред Јавното обвинителство од денеска почна притисокот со кој ќе се бара секој ден на пладне оставка од обвинителот Марко Зврлески.

Освен неотповиклива оставка од Зврлески, се бара по неговото заминување да биде уапсен премиерот Никола Груевски поради како што рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов „информациите за тешките криминали и украдени милиони од држава“.

Според Стојанче Ангелов, третото барање е обвинителстовото да одговори кога и со која одлука и наложило на МРТ да не ги емитува „бомбите“ на опозицијата и посочи дека Зврлески за тоа ќе треба да одговара и да биде кривично гонет.

Според Ангелов, било поднесено барање уште на 17-ти март за да одговори обвинителството за забраната за емитување снимки на јавниот сервис, но до денеска нема никаков одговор.

Протестите и блокадите на јавното обвинителство ќе продолжат секој ден на пладне, а ќе се зголемува и времето на траење на блокадата.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари