(ВИДЕО) Осмомартовски марш во Струмица

Од:

Клубот на жени од СДСМ од Струмица денеска по деветти пат го одржа традиционалниот марш по улиците во градот.

Целта на маршот, според Марија Гарванлиева, координатор на клубот, е денеска, на меѓународниот ден на жената, секоја жена да добие цвеќе, чоколадо и Бела книга од успешните проекти на градоначалникот Зоран Заев.

– Во исто време ова е марш со кој ние жените од СДСМ во Струмица ги бараме правата кои на високо ниво беа во владеењето на СДСМ. Свесни сме сите кој сака да признае, кој не, дека во овие последни 7-8 години додека е на власт ВМРО ДПМНЕ, правата на жените се вратени дупло толку чекори, колку што за времето на СДСМ беа отидени напред. На нашата страна, на страната на социјалдемократската опција на жените секогаш стои нашиот сегашен и иден градоначалник Зоран Заев, секогаш поддржувач на жените, младите во политиката и на работните места односно во целиот општествен живот – рече Гарванлиева.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите