(ВИДЕО) Османи: Ќе поднесев оставка да бев убеден дека има грешка во моето работење

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи е сигурен во чесноста на своите постапки додека раководеше со Министерството за здравство и е убеден дека во натамошната постпка на СЈО за предметот „Пациент“ ќе се докаже дека одлуките се донесени законски и во интерес на сите граѓани и оти во предистражните и истражните фази истрагата ќе резултира со заклучок дека нема основа за покренување обвинение против него.

– Да бев убеден дека има тронка грешка или девијација во законите при моето работење во Министерството за здравство, кога се спроведени стотици проекти кои се уште ги уживаат сите, се разбира дека не би стоел пред вас гордо и да кажам дека ќе продолжам со сиот жар уште повеќе во имплементација на владеењето на правото каде и неказнивоста и презумпцијата на невиност имаат апсолутна иста тежина. Убеден сум дека со документите што денеска ги доставив до СЈО ќе се расчисти фактичката ситуација, рече Османи на денешната прес-конференција во Владата.

Од документацијата, посочи, се гледа дека нема ниту индиции кои укажуваат на некакво незаконско работење, напротив јасно се гледа дека одлуките се донесени законски и во интерес на сите граѓани.

– Во наредниот период дополнително ќе бидат доставени и останатите потребни и побарани документи со што според мене овој случај е расчистен и набргу очекувам да биде и завршен, рече Османи.

Од страна на претставниците на СЈО, нагласи, добил уверување и позитивен пристап дека добиените материјали претставуваат значаен инпут за истрагата, како и дека во соодветен рок, истрагата ќе биде заокружена, со што, пак, убеден е дека ќе се потврди дека нема никакво незаконско работење и конечно ќе запрат сите шпекулации кои се појавија во јавноста уште пред истрагата.

– Свесен за политичкиот ризик, јавно барав, во повеќе наврати, СЈО да отвори истрага и целосно да го расчисти овој случај, затоа што сум сигурен во чесноста на своите постапки, и не сакав шпекулациите да доминираат со јавниот дискурс. Во таа смисла очекував, уште во предистражната постапка, да бидам повикан од страна на СЈО, и да ги претставам фактите со кои располагам, секако, по можност, пред моето име да биде пласирано преку соопштение до сите медиуми како дел од истрагата. Но тоа е што е, истрагата е отворена, посочи Османи.

Нагласи дека владеењето на правото претставува еден од врвните вредности и принципи и додаде дека СЈО е од исклучителна важност за остварување на овие принципи.

– Без разлика на новонастанатата ситуација мојата поддршка и охрабрувањето за СЈО останува непроменета, напротив, денес уште повеќе верувам во нивната професионалност и неутралност… Моето директно посочување, со име и презиме, од страна на обвинителството уште во оваа фаза претстава предизвик за мојата политичка кариера, но јас ќе дадам се од себе да го зачувам принципот на пресумпција на невиност, да ги отстранам сомнежите за моето работење, и со тоа да докажам дека секогаш сум работел според законот и во интерес на граѓаните, потенцира Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Заврши едногодишното претседавање на Македонија со ПСЈИЕ – Тирана e иден претседавач

A1on

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка