ВИДЕО: Османи се пофали со трансформацијата на „Борис Трајковски“ која чинеше 1,8 милиони евра

Од:

Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ напиша утрово министерот за надворешни работи Бујар Османи споделувајќи видеот од трансформацијата на објектот за потребите на самиот на ОБСЕ.

– Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава.
Северна Македонија изминатава година како претседавач на најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ покажа дека има голем капацитет да се носи со сите предизвици, рамо до рамо со најразвиените земји во Европа, напиша Османи.

Градежната фирма „Еуровиа дооел“ од тетовско Желино за 1,8 милиони го преадаптира Спортскиот центар „Борис Трајковски“ за конференцијата на министерскиот совет на ОБСЕ. „Еуровиа“ го доби тендерот од Министерството за надворешни работи и го склучи договорот на 21 август откако понудила најниска далеку најниска цена што било и единствен критериум.

Би можело да ве интересира

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

Муцунски: Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство и тоа не му пречеше

Вреди: ДУИ не кажа зошто Бујар Османи одржал 11 средби со српскиот шеф на дипломатијата

ВРЕДИ: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

Османи: Со секојдневна работа и професионален пристап можеме да го промениме Чаир – да го вратиме достоинството

А1он

Бујар Османи – кандидат за градоначалник на Чаир, Бајрам Реџепи ќе „се трка“ во Тетово

А1он